ОКЕАНИТЕ МОЖЕ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ШЕСТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ХРАНА ОТКОЛКУ ДЕНЕС

ОКЕАНИТЕ МОЖЕ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ШЕСТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ХРАНА ОТКОЛКУ ДЕНЕС

Со примена на технолошки решенија и подобро управување, океаните би можеле да произведат шестпати повеќе храна отколку денес, велат научници во извештај во кој посебно се нагласува одгледувањето школки.

Авторите на извештајот предвидуваат дека океаните можат да обезбедат повеќе од две третини животински протеини од количината што експерти на ОН за храна ја проценуваат дека ќе биде потребна за да се нахрани човештвото во иднина.

Во принцип, одгледувањето храна од океанот има помалку влијание врз климата отколку земјоделството и не подлежи на никакви ограничувања, како што се земјиште и вода.

Морската храна е многу хранлива, содржи есенцијални витамини, минерали и масни киселини, се вели во извештајот што го претставија научниците на симпозиумот за риболов во Рим во рамките на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

– Океанот има голем, нераскажан потенцијал да помогне да го нахрани светот во наредните децении, а тоа може да се реализира со тоа што влијанието врз животната средина ќе биде помало од она што го произведуваат други извори на храна. Ако направиме брзи и далекосежни промени во начинот на управување со индустријата за експлоатација на морињата и притоа ги зачуваме екосистемите, можеме да ја зајакнеме долгорочната безбедност на храната и егзистенцијата на милиони луѓе – објасни водачот на студијата, Кристофер Костело.

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published.