Бомба шампита: Сите ми го бараа рецептот, оди сè по 11

Бомба шампита: Сите ми го бараа рецептот, оди сè по 11

Фото и рецепт: Адвија Сисиќ

Ова е највкусната шампита што некогаш сте ја пробале.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

11 жолчки
11 лажици шеќер
11 лажици масло
11 лажици млеко
11 лажици брашно
малку прашок за печиво (1 лажичка)
кора од лимон

ЗА СИРУП:

22 лажици шеќер
11 лажици вода
парче лимон

ЗА ШЛАГ:

11 белки
11 лажици шеќер

ПОСТАПКА:

Прво измерете ги состојките за сирупот и ставете на тивок оган да се вари. Потоа одвојте ги белките од жолчките.

Жолчките изматете ги со шеќер додека да станат пенасти и побелат, па додадете масло, па млеко и на крај брашно помешано со прашок за печиво и лимонова кора.

Смесата излејте ја во намастена тепсија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-тина минути, во зависност од вашата рерна.

Потоа направете го шлагот. Изматете го белките прво на најмала брзина неколку минути, а потоа на поголема со постепено додавање на шеќерот (една по една лажица додека да се растопи). На крај зголемете на најсилна брзина.

Во изматените белки додадете го сварениот сируп во тенок млаз и добро изматете со миксерот. Белките мора навистина добро да се изматат (се мати цело време додека се пече кората, а посебно добро се матат кога ќе се додаде сирупот).

Преку печената кора се излева шлагот (прво на средина), се израмнува (или се формира во вид на топка) и се враќа во рерна 4-5 минути за да се формира коричка. Оставете да се лади на собна температура, а потоа ставете во фрижидер.

Напомена: Од наведените состојки излегува навистина голем колач (димензијата на тепсијата за печење на кората треба да биде околу 40-30 см). Ако сакате помал колач само намалете ја количината на намирниците, што е многу лесно, бидејќи од сè оди по 11.

Фото и рецепт: Адвија Сисиќ

извор- https://nmd.mk/

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published.