Рецепт за деновите пред плата: Јајца на швајцарски начин- Брз, евтин и специјалитет за секоја пригода

Рецепт за деновите пред плата: Јајца на швајцарски начин- Брз, евтин и специјалитет за секоја пригода

Јајцата приготвени на швајцарски начин се одлична идеја за секојдневното мени, но и особено во деновите пред плата, бидејќи станува збор за евтин рецепт, но со неверојатен вкус!

Јајца на швајцарски начин

Потребни состојки

  • 2 супени лажици путер
  • 4-5 парчиња бел леб
  • 250 гр кашкавал (Може или сирење)
  • 4-5 јајца
  • Сол, мелен црн пипер и мелен црвен пипер по ваш вкус

Начин на подготовка

Најпрво се премачкува садот за печење со путер, а потоа одозгора се редат парчињата леб. Следно, изрендајте ги кашкавалот и шунката и нанесете ги врз лебот.

Потоа направете вдлабнатина во секое парче леб и во секоја скршете по едно јајце. Одозгора, посолете со мелен црн и мелен црвен пипер, како и сол, а потоа поставете го специјалитетот да се пече.

Потребно е рерната да биде вклучена на умерена температура, за да не се препечат производите.

Пријатен апетит! https://www.nane.mk/

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published.