Полициска Тесла останала без струја среде потера

Полициска Тесла останала без струја среде потера

Од полициската управа во Фримонт велат дека се задоволни од воведувањето електрични автомобили Тесла во возниот парк. Проектот им траел половина година и до сега имале позитивни резултати. Но , според објавата од минатиот петок ,с е чини дека електричното возило им дава предност на криминалците.

Во потерата , во која учествувал полицаецот Џес Хартман , по само 16 километри бркотница со криминалците , Теслата останала без струја. Полицаецот морал да се одјави и да повика засилување од колегите со автомобили на бензин. Снимката на разговорот на полицаецот се појави во јавност.

Вистината е дека Тесла може да достигне и брзина од 200 км/час , но во тој случај се троши поголемо количество струја и се намалува досегот на автомобилот.

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published.