Зошто некои мажи не ги завршуваат долгите врски со брак?

Зошто некои мажи не ги завршуваат долгите врски со брак?

Овој феномен е тема за размислување и истражување за многу терапевти и многумина се обиделе да одговорат на прашањето зошто жената со која мажот бил во врска со години не добила свршенички прстен, туку предлогот за брак го „добила“ следната избраничка?

Има неколку теории околу одговорот на ова прашање и ниту една не е така едноставна.

Не постои вистинската жена, туку вистинско време

Една од теориите е дека мажите не се женат кога ќе ја запознаат љубовта на својот живот, туку кога ќе бидат подготвени за брак, па која му е партнерка во тој момент, таа ја добива понудата за брак. Некои истражувања покажале дека најдобар период за стапување во брак и основање семејство за мажите е од 28 до 32 години. По оваа возраст желбата за женење кај мажот се намалува, а по 42 години може и целосно да згасне.

Што мислат пријателите и семејството?

Дури и кога мажот остава впечаток на самостојна и независна личност, кога решава да се жени, во изборот големо влијание може да имаат најблиските пријатели и членови на семејството. Семејната станбена и финансиска ситуација, како и притисокот од врсниците имаат силно влијание врз некои мажи и нивните одлуки.

Сака да биде сигурен дека и таа го сака истото

Во многу случаи, ако жената не го изрази своето мислење во врска со тоа дали сака да се омажи и кога, нејзиниот партнер можеби никогаш нема да помисли дека таа сака брак. Мажите не се многу умешни во „читање меѓу редови“ и во препознавање „сигнали“, но затоа се многу добри во извлекување заклучоци. Кога девојката губи трпение, се пакува и си заминува, а мажот ќе ја анализира ситуацијата во следната врска и ќе биде побрз во носењето на одлуките и ќе предложи брак пред да го напушти новата девојка.

Живеењето заедно ги намалува шансите за брак за 50%

Психолозите предупредуваат дека почнувањето живот под ист покрив е „меч со две острици“. Треба да се биде внимателен кога станува збор за одлуката за заеднички живот. Истражувањата покажуваат дека шансите мажот да ја запроси девојката во првите три години откако ќе почнат да живеат заедно се намалуваат за 50%, а по седум години се еднакви на нула. Не ја заборавајте разликата во перцепција: за жените заедничкото живеење е чекор кон брак, а за мажите значи дека нема потреба од потпис во матично.

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published.