Цената ги принудува пушачите на нелегално: Каде во екс Ју најмногу се продава тутун “на црно”?

Цената ги принудува пушачите на нелегално: Каде во екс Ју најмногу се продава тутун “на црно”?

Околу 600.000 луѓе во земјите на поранешна Југославија купуваат производи од тутун на „црниот пазар“, покажуваат резултатите од истражувањето на Економски институт во Загреб.

Проценуваат дека тоа нанесува штета за даночните приходи од околу 306,7 милиони евра.

Шверцерите и нелегалните дилери на тутун остваруваат профит од околу 200 милиони евра годишно во Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, покажува истражувањето кој Институтот го спроведе преку метод на анкетирање на 21.000 луѓе.

Најмногу пушачи кои се снабдуваат на „црниот пазар“ има во Босна и Херцеговина (254.890), а потоа следат Србија (138.361) и Хрватска (87.703).

“Во текот на изминатите десет години даночните загуби беа најголеми во БиХ и Црна Гора. Секој втор пушач вели дека купува на „црниот пазар” поради пониските цени. Две третини од испитаниците велат дека во ситуација на пораст на животниот стандард би престанале со илегално купување цигари”, се констатира во истражувањето.

Поради сивиот пазар на производи од тутун, БиХ во последните 10 години претрпе загуба на данок на доход во висина од девет проценти од БДП, Црна Гора од шест проценти, а Србија и Хрватска од по два проценти од БДП.

Во извештајот се вели дека уличните препродавачи (62 проценти) се главниот канал на сивиот пазар во регионот, на кој пушачите нелегално купуваат производи од тутун. Речиси половина од вкупниот број испитаници, поточно 46 проценти, како главна причина поради која почнаа да купуваат на сивиот пазар го наведоа поскапувањето на цигарите и производи од тутун во легалната продажба.

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published.