Шестата генерација на авиони во Русија

Шестата генерација  на авиони во Русија

Главната разлика во однос на петтата генерација ќе биде во тоа што основната верзија на ловецот ќе биде беспилотна, односно можноста за пиилотирање да не е задолжителна.

„Сите останати карактеристики се понатамошен развој на веќе постоечките: уште побрз, со повеќе маневарски можности, уште понезабележлив за радарите итн“, наведе Хохлов.

Во Русија сега се произведува ловецот од петтата генерација сухој Су-57. Првиот сериски авион до крајот на годината ќе влезе во борбените редови на воздухопловно-вселенските сили на руската армија. Договорот за 76 такви летала беше потпишан на форумот Армија 2019.

Су-57 за првпат полета во 2010 година. Високите маневарски, можноста за реализација на суперсоничен лет, современите системи и малата видливост за радарите обезбедуваат надмоќ на овој руски авион над конкурентите.

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published.