Зошто луѓето се нервозни кога се гладни?

Зошто луѓето се нервозни кога се гладни?

Дури и најсмирените луѓе стануваат лути кога се гладни. Имено, како поминува времето од последниот оброк, количината на хранливи материи почнува да опаѓа, а вие станувате нервозни.

Bright Side пишува дека кога нивото на глукоза во крв ќе падне на критично ниво, мозокот ја перципира како ситуација опасна по живот. Јаглехидратите, протеините и мастите се разградуваат во едноставни шеќери. Како поминува времето од последниот оброк, количината на овие хранливи материи опаѓа.

Мозокот е зависен од глукоза, а кога таа опаѓа во крвта, едноставните работи стануваат тешки. Нема да може да се концентрирате, ќе правите грешки во секојдневни ситуации и ќе почнете да зборувате неповрзано.

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published.